Во 2020 година пандемијата го стави во „сенка“ спортот. Влијаеше и на спортските активности. Сепак , во првите два месеца од ланската година беа постигнати и најдобрите резултати на каратистите. Ќе почнеме со прогласувањето на најдобрите каратисти на 11 јануари 2020 година. За најдобар каратист беше прогласен Емил Павлов, Жарко Арсовски беше трет, најдобар тренер Сашко Арсовски, најдобар клуб КК Штип.
На 12 јануари се одржа Државното карате првенство. Жарко Аросвски стана победник во категоријата до 84 килограми, Бојана Манева беше втора, а Ристе Додевски трет. На 16 јануари беа прогкласени најдобрите спортисти на Штип, Емил Павлов по петти пат едноподруго беше прогласен за најдобар спортист на Штип Потсхумно , одбојкарската легенда Трајче Тасевии ,доби признание- го прими неговата сопруга Марина Тасевска. Имаше силни емоции на изборот на најдобите спортисти на Штип.
На 16 јануари почна селекцијата на женската кошаркарска екипа Тим Арена. За жал, освен пријателски средби ,оваа екипа се уште не стартуваше во државните лиги. Пандемијата тоа го спречи. Веруваме дека оваа година ќе стартува во Младинската кошаркарска лига. Тоа значи дека по 50 години пак во Штип ќе има првенствени кошаркарски средби во женска конкуренција На 23 јануари беа прогласени и најдобрите борачи во Македонија. Десетмина од Балканец се најдоа на ранг листите. На 25 јануари беше одбележана 8 годишнината од постоењето на Академијата Постолов Пандев. Преку илјада млади фудбалери минаа во оваа Акаддемија и донесоа над 100 пехари.На 26 јануари се одржа Иаборното првенство во борење за пионери и младинци. Први места во своите категории освоија Мартин Стојанов, Андреј Трајчев и Драган Велинов. Втори места- Фадил Назифов, Никола Гацов, Љупче Тасев, трети Ненад Панов, Аце Петрушев, Давид Трпчевски, Мето Тасев Филип Стојков, Дамјан Смилков Стивен Андонов, Бојан Трендафилопв, Стојанче Стојков,, Марија Цветанова.
На 30 јануари 6 девојчиња од Мал Ајакс беа повикани во кадетската репрезентација на Македонија и тоа Ања Михајлова, Ангела Стоименова до 17 години,, а до 13 години- Никица Трендова, Анастасија Велинова, Ива Салтирова и Анѓела Блажева.
ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА
На 28 февруари , во Салзбур се одржа Светската премиер лига. Емил Павлов, по златото што го освои претходната 2019 година во Москва, повторно се закити со златен медал. Го победи светскиот шампион од Италија, Анѓело Црешанцо.
На 25 февруари 2020 година во Херцегнови, Црна Гора се одржа традиционалниот меѓународен турнир во џиу џицу „Мимоза опен“. Учествуваше и џиу џицу клубот „Осенсеи“ од Штип, предводен од тренерот Виктор Велинов., педагог по мерка. Неговите членови имаа вистинска „жетва “ на медали. Три златни медали освоија Данил Николиски, неговиот брат Јован Николиски и најмладиот член, Димитри Радев, кој има само осум години. Без пласман останаа Стефан Донев и Станислав Грпов.
На 25 февруари во Охрид се одигра пријателска меѓународна фудбалска средба меѓу Брегалница и Црвена Ѕвезда од Белград. , генерации 2003 година. Победи Брегалница со 2-0, со головите на Љупче Кудев и Марио Митев. На 24 февруари 2020 година, младинските и кадетските одбојкарски екипи на УГД за мажи се пласираа во финалните средби од Државното првенство. Сепак, финалните средби, поради пандемијата .не се одиграа. Истиот ден се одржа и државното првенсто во кик бокс во Скопје. Екипата на Шенол Асанов се врати со 6 медали.Златни освоија Славче Арсов, Слободанка Стефановска и Ива Петрова. Сребрени медали Јован Данилов и Благица Ристова, бронзен- Никола Нацев.
На -18 февруари во фудбалската репрезентација на Македонија до 19 г. беа повикани Јован Манев и Анѓело Николовски. од Брегалница. На 17 февруари, по 35 години за првпат се реновираше и беше предадена во употреба спортската сала во средното медицинско учиклиште.На 16 февруари во репрезентацијата до 14 години беа повикани Андреј Велков- Постолов Пандев и Андреј Арсовски, Мал Ајакс.На 16 февруари во Дубаи се одржа Светската карате лига на која Жарко Арсовски го освои 7 место во својата категорија до 84 кгр.На 15 февруари на СРЦ Суитлак почна изградбата на покриен базен. Во Будимпешта ,на 8 февруари ,почна ЕП за млади во карате. Љупчо Михајлов се проби до третото коло. На 7 февруари џиу џицу клубот Осенсеи ја одбележа 10 годишнината од постоењето. За растежот на овој клуб зборуваа првиот човек Виктор Велинов и Кирил Иванов..На свеченоста присуствуваше и претседателот на Федерацијата, Александар Ацевски. За жал, пандемијата спречи овој клуб да има настапи и ги прекина неговите успеси, по турнирот во Марибор на 7 март 2020 година.На 2 февруари, ФК Брегалница замина на подготовки во Анталија, Турција каде забележа 7 победи и еден нерешен резултат со екипи познати во Европа.
МАРТ 2020
На 7 март 2020 година, во МАРИБОР се одржа меѓународниот џиу џицу турнир „“ Марибор опен“. Во многу силна конкуренција , штипскиот клуб „Осенсеи“ освои три сребрени медали. Ги освоија Даниел Николиски, Јован Николиски и најмладиот член Димитри РАДЕВ. Штета, голема штета што и на овие простори се појава Ковид 19, па ги прекина сите
активности на овој популарен клуб до крајот на годината. Сепак, веруваме дека во 2021 г. паќ ќе се радуваме на успесите на „Осенсеи“ и големиот педагог и тренер, Виктор Велинов, кој со својот однос кон спортистите и медиумите ги заслужува сите честитки.
На 8 март се одржа Државното првенство во карате за пионери. КК Македонка освои 9 медали-први места Клаудија Јанковска, Јована Панева, 2 места-, Кристијан Шекеринов,, Бранислав Димов трети- Божјидар Зафиров, Мартин Тодоров, Мартин Колев, Теа Еменска,, Петар Протоѓеров
.МАЈ, ЈУНИ, ЈУЛИ, АВГУСТ, СЕПТЕМВРИ ОКТОМВРИ, НОЕМВРИ , ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА
Во месец мај со 16 кола во Втората фудбалска лига. првенството беше прекинато , а исто така и КУпот. Дотогаш, во првенството Брегалница беше втора, а Беласица прва. Во 17 коло во Штип требаше да гостува Беласица, ФФМ реши да не се игра 17 коло,а Беласица ја прогласи за нов прволигаш. За жал, Брегалница, иако се пласира во полуфиналето на Купот, по третпат во самостојна и независна Македонија, и требаше да игра со Академија Пандев , полуфиналето не се играше. На 17 мај се формира женскииот фудбалски клуб МАЛ АЈАКС.
Во месец септември за да ја посетуваат и да се школуваат во Фудбалската Академија на ФФМ тестовите успешно ги положија тројца фудбалери од Штип – Бојан Митров- Академија Постолов Пандев, Стефан Антониев и Марио Митрев, Брегалница. На 13 септември се одржа Велешкиот пливачки маратон, на кој учествуваа и постигнаа одлични резултатти членките на Челични, Вероника Зашевска и Ивана Нуамова. На 5 септември во Куманово се одржа Меѓународниот Бланик куп во едреличарство. Во конкуренција на 12 екипи, членовите на Аеро Клубот во Штип постигнаа фантастични резултати во дисципшлината прецизно слетување. Марјан Ивановски беше прв, а неговиот брат Никола Ивановски беше трет. Во екипна конкуреција штипјани го освоија првото место. Традицијата на успеси на семејството Ивановски продолжува
. Од 1 до 10 октомври се одржа ЕП за одбојкарки до 17 години во Италија.. На првенството судеше и меѓународиот одбојкарски судија од Штип, Никола Мицевски. НА 5 октомври се одржа Скопскииот маратон. Учествуваа влупно 535 мажи и 241 жени, трчаа 21 километар Имаше и масовно учество на штипјани.. Најдобри резултати од штипските учесници постигнаа Радица Јованова 11 место, Зоран Саздов 21, Јелена Ставрова 32,,д-р Мери Шорова 52 место.
На 8 ноември, Марјан Секуловски беше именуван за тренер на Брегалница.. Брегалница ја заврши првата полуетапа на првото место во Втората лига, исток со 42 бода, седум повеќе од Тиквеш.Младите категории на Брегалница во Супер лигата – млади го освоија 8 место од 12 екпи во есенскиот дел .На 10 декември Општиата Штип потшиша договор со ФФМ за изградба на западната трибина на Градскиот стадион.
На 1 ноември се одржа пливачкиот митинг Вардар опен. Учествуваа и пливачи на Челични – Штип. Веронка Зашевска освои 3 медали- еден сребрен и два беонзни . сребрен медал освои на 200 метри делфин, бронзени на 50 метри делфин и 100 метри слободно. Ивана Наумова и Смиљан Нашков ги освоија 4 места. На 8 ноември, , покрај другите, 19 декемвриските признанја Свети Никола ги добија Мирко Наџаков, трофеен тренер на Брегалница и Кирил Барбареев пингпонарска легенда
.
Please follow and like us: