Штипскиот пинг понг има голема традиција, 70 годишна. Се менувале имињата на штипските пингпонгарски клубови Брегалница, Макпромет. Југ0кокта, Шампиони Фа, УГД Студент…Денеска работат два клуба- ШАМПИОНИ ФА и УГД Студент. Овие два клуба се носители на три шампионски титули во последните 5 години. Две титули освои ШАМПИОНИ ФА и УГД една.
Деновиве на Државното сениорско првенство во сениорска конкуренција штипските пингпонгари освоија пет медали. Медалите ги освоија членовите на ШАМПИОНИ ФА. Две медали освои Филип Младеновски, а по еден Сашко Богатинов,Александар Кралев и Мила Штркова. Деновиве локалната самоуправа на Штип додели 26 илјади денари на овој клуб. Порано ни толку не се издвојуваа. Но, членовите на ШАМПИОНИ ФА ПРОДОЛЖУВААТ СО РАБОТА!НЕ СЕ ЗАДОВОЛУВААТ СО ПОСТИГНАТОТО!
„Шампиони Фа ја потврдува својата посветеност, љубов и ентузијазам, одржувајќи го штипскиот пинг понг на врвот во Македонија. Освоени се пет медали од Државното снеиорско првенство. Резултатите допрва доаѓаат…“- напиша на својот ФБ профил, Сашко Богатинов. И има право. Своите раскошни квалитети и досега ги потврдија и младите Дамјан Стојчев, јуниорски шампион на Македонија, Лука Стојчев, Мила Штркова која иако е млада пингпонгарка игра и во сениорска конкуренција .
Честитки за сите, но и за спонзорот на овој клуб.