За големи манифестации потребно е учество и на големи спортисти. . На утрешната меѓународна манифестација „Трофеј Македонија“ во Скопје ќе учествуваат и најд0обрите македонски каратисти, кои ги предводи Емил ПАВЛОВ. Токму со Емил Павлов денеска се сретнавме во центарот на Штип. Поведовме разговор, со секогаш коректниот и голем спортсмен, Емил ПАВЛОВ.
„Утре учествувам на „Трофеј Македонија“ кој традиционално се одржува во Скопје. На оваа голема маифестација ќе учествуваат каратисти од повеќе држави, меѓу нив се и македонски. Покрај мене, во Скопје ќе се појават и Жарко Арсовски, Бојана Манева Ристе Додевски, Наум Јованов, член на Астибо, а сега тренира со КК Штип. Јас се подготвувам како и за секој значаен настан. Верувам дека и овојпат нема да ги изневерам надежите, иако во мојата категорија има повеќе познати имиња и од други држави. Ќе сторам се- да се вратам со златен медал…“- изјави Емил ПАВЛОВ, на средбата во центарот на Штип.
Емил Пвлов во почетокот на идната година го очекува Премиер лигата во ПАРИЗ.Таа ќе се одржи на 24 јануари Најдобриот македонски спортист има големи шанси да учествува идната година на ЛОИ во Токио…
УТРЕ ВО СКОПЈЕ „ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА“
Please follow and like us: