Напорната сезона на најдобрите штипски и македонски карате мајстори Емил Павлов и Жарко Арсовски на крајот им се одмазди. На силниот меѓународен турнир во карате „Трофеј Македонија“ што се одржа викендов во Скопје, ги освоија „само“ бронзените медали. Двајцата имаа по две победи и по еден пораз.
Емил Пвлов, кој во годината што изминува исто така беше најуспешен македонски спортист. првиот тест во идната година за ЛОИ во Токио ќе го има во Париз, во Премиер лигата, а во овој град во месец мај ќе се одржи и квалификациониот турнир за учество на ЛОИ во Токио. На овој последен турнир, Емил ПАВЛОВ по првпат ќе настапи во друга олимписка категорија, до 67 килограми. Верува дека ќе успее да се пласира меѓу 4 најдобри каратисти во својата категорија на квалификациониот турнир и да обезбеди учество на ЛОИ во Токио. Емил Павлов е убеден дека ќе му се реализира сонот- да учествува на ЛОИ.