Во Скопје се одржа Балканското првенство во карате за кадети и јуниори до 21 година. Настапија и неколку каратисти на КК Штип. Тројца освоија сребрени.медали.
Учествуваа репрезентациите на Турција, Бугарија, Албанија, Косово, Македонија. Според зборовите
на македонскиот карате селектор, Сашко Арсовски и Жарко Арсовски, тренери на КК Штип, квалитетот на борбите бил на највисоко ниво.Григор Хаџикимов ги победи репрезентативците на Турција со 3-0,Бугарија со 2-0 и Косово 1-0. Во финалето загуби со минимален резултат со 2-1 од репрезентативец на Косово. Љупче Михајлов ги бранеше боите на македонската кадетска репрезентација во екипна конкуренција. . Македоија го освои сребрениот медал. Бобан Џамгозов настапи во јуниорска конкуренција до 21 година. Се пласира во финалето,каде загуби од претставник на Турција..
Тренерите на КК Штип, Сашко Арсовски и Жарко Арсовски се задоволни од настапите на штипските каратисти.
На фотографиите се Григор Хаџи-Кимов, кој освои сребрен медал, победувајќи тројца противници.На другите две фотографии Бобан Џамгозов и Љупче Михајлов
ТРИ СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА КК ШТИП!
Please follow and like us: