Утре македонските каратисти ги очекува нова Премиер лига- во Салзбур, Австрија Селекторот на македонската карате репрезентација Сашко Арсовски одлучи во САЛЗБУР со него да патуваат Емил Павлов и Берат Јакупи.
„Ја следам формата на сите каратисти. Очекувам успешни резултати од двајцата Емил Павлов и Берат Јакупи. Веруѕвам дека денот ќе ни биде погоден да славиме…“- изјави селекторот Сашко Арсовски.
Емил Павлов досега двапати освојувал медали во Салзбур.Еднаш златен, а другпат сребрен медал.
„Одлично сум подгоитвен. Впрочем, со трени нзите никогаш не сум прекинал.Ќе дадам се од себе и од Салзбур да се вратам со медал…“- вели Емил ПАВЛОВ.
„ Имам голема шанса да напредуѕвам на светската ранг листа. Верувам дека во Салзбур нема да разочарам. Салзбур е моја шанса за пробив кон ЛОИ во Токио…“- додава Берат Јакупи.
Емил ПАВЛОВ ќе настапи во петок, а ЈАКУПИ во сабота!