Во Дубаи се одржува Премиер лигата. Од македонските каратисти, Жарко Арсовбски стигна до 7 место, додека Петар Спасеновски ќе се бори за бронзата. Емил Павлов победи во првата борба, но потоа загуби минимално Со едната победа ќе добие нови поени на светската ранг листа, каде моментно е на осмото место во категоријата до 61 килограм.
Сега македонмскуите каратисти ги очекуваат уште три значајни првенства- Премиер лигата во Стразбу, ЕП во Баку и олимпискиот квалификационен турнир во Париз, во месец мај.
„Верувам дека Емил Павлов ќе избори олимписка норма. Кога е најпотребно тој е најподготвенИма и други каратиусти кои можат да исполнат олимписки норми, како Жарко Арсовски, Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Петар Заборски, Пулексенија Јовановска , Мојсовска,,, Сите тие се во самиот светски врв. Ќе биде тешко, ама јас сум убеден дека ќе имаме за првпат олимпијци во овој спорт…“- вели селекторот Сашпко Арсовски.
Инаку, во Премиер лигата во Дубаи, каде пред две години Емил Павлов беше и финалист, Жарко Арсовски постигна три победи, но не стигна до медал. И Петар Спасеновски забележа три победи и очекува бронза, се разбира ако победи денеска во борбата за третото место