Вечерва во Штип заврши мастерс турнирот во пинг понг Телеком ,за пионери до 15 години. Учествуваа околу 70 пионери во двете конкуренции. Неочекувано, но заслужено, првото место меѓу момчињата го освои Кенан Асанов од Струмица, пред Лука Стојчев од Штип , третото место го делат Лука Серафимов и Александар Јакимовски. Кенан Асанов ги „преслуша“ фаворитите за првото место Главевски од Битола, во четвртфиналето и Лука Стојчев, во драматично финале со 3-1.
Меѓу девојките доминираа од Крива Паланка. Меѓу првите три има две девојчиња со исто име и презиме, само што едната потекнува од Скопје, а игра за Крива Паланка, втората е од Крива Паланка, град расадник на млади пингпонгарски таленти Првото место го освои Сара Стојанова,пред Васе Богоевска од Крушево и Софија Хасану и Сара Стојанова, родена во Крива Паланка . Најдобрите добија пехари и дипломи.