Мартин Поповски е член на македонската ракометна репрезентација. И тој не остана имун на Ковид 19, но сега се е во најдобар ред. Според зборовите на скромниот репрезентативец, Поповски , кој лани во овој период дојде на традиционалната манифестација на „генерациите на штипските ракометари“, првиот собир на репрезентативците ќе се одржи во Скопје на 3 јануари. Нема да бидат рекреативни тренинзи, туку можен е еден тест со репрезентацијата на Чиле.
Инаку , Мартин Поповски сега е член на екипата на ГС Грасхопер од Цирих. Оваа екипа го зазема 9 место во Првата лига на Швајцарија. Поповски истакнува дека ракомнетот во оваа држава е во нагорна линија. Како што ни изјави, во Швајцарија го тренира и младиот Ник, син на прославениот музичар и пејач, Зоран Ванев, кој повеќе години живее во оваа држава . Ник е член на младата репрезентација на Швајцарија и е голем талент во ракометот.
„ Чекаме шанса некоја репрезентација да се откаже од учество
на СП во Египет и ние да го заземеме нејзиното место. Заслужуваме да учествуваме на СП Јас сум подалеку од вирусот . Ве поздравувам сите во Штип и чувајте се од ова зло…“- додаде Мартин Поповски.
Please follow and like us: