Македонската пингпонгарска федерација се уште не е членка на Медитеранска унија. Се очекува наскоро и тоа прашање да се надмине. Сепак, Медитеранската пингпонгарска унија издаде вајлд карта за македонските пингпонгари да учествуваат на кадетските медитерански игри во Лигнано, Италија, од 24 до 27 март годинава. Одредена е и македонската репрезентација. Неа ја сочинуваат Лука Стојчев од Штип и Даниел Главевски- Зхоу, кој живее во Битола, едниот родител е од Кина.Во женска конкуренција, Македонија ќе ја претставува кадетката Васе Богоевска. Водач на патот во Италија ќе биде познатиоот пингпонгар, Ѓоко Јочковски.
Please follow and like us: