Кирил Гогов, познат успешен бизнисмен и хуманист, прв човек на ФК Брегалница , не сака на брзина да се донесуваат одлуки за евентуалните засилувања.
„Не брзаме со одлуките.Имаме добра екипа. Не ни треба брзање…“- изјави Кирил Гогов.
Додека фудбалерите се на одмор, раководството е ангажирано околу заокружување на проектот на Градскиот стадион во Штип
„До почетокот на новата сезона ќе бидат завршени сите активмости околу внатрешнмото уредување на катот што го подигнавме над соблекувалните. На катот има 16 апартмани за фудбалерите. Сега ги срушивме и соблекувалните. Ќе почнеме од почеток. Ќе изградиме нови, со сите стандарди. Ќе има и сала за состаноци, прес центар, медицинска соба. Ќе биде убаво…!- додава Кирил Гогов.
Првиот човек на Брегалница, Кирил Гогов потврди дека Брегалница на 3 февруари заминува на подготовки во Анталија, Турција. Таму ќе одигра и повеќе пријателски средби со атрактивни противници.