Дарко Додев со својата префинета техника, дриблинзи,прецизни додавања,преглед на играта, во екипата на Брегалница е еден од најстандардните . Секогаш опасен е пред противничките голови. Колку Дарко Додев е задоволен од постигнатите резултати?. Патем да споменеме дека ова 22 годишно момче пред доаѓањето во Брегалница играше во Металург и Силекс.
„ Брегалница е многу блиску до Првата лига. И оваа генерација фудбалери има задача да го реализира овој план.Тоа ќе биде успех за сите. Инаку, јас сум задоволен како досега игравме. Можеби испуштивме победа против Тиквеш. Во двете средби во двата дела со Тиквеш потврдивме дека сме подобри од кавадарчани..До крајот на сезоната имаме уште две средби. Максимално сме концентрирани на овие средби. Наша цел во двете средби да освоиме нови 6 бодови.. Сакам да кажам дека имаме голема поддршка од раководството, Стручниот штаб и нашата навивачка група Фаланга. Во сабота очекувам три бода во средбата со Кит-го…“- изјави Дарко Додев, кој на секоја средба игра борбено, но и знае како да ги прославува успесите, како што потврдува и оваа негова фотографија ,со негов карактеристичен стил на радување.
Please follow and like us: