Семејството Ивановски од Аеро клубот во Штип ги одржува успесите на штипскиот Аеро клуб .Денеска во Куманово се одржа вториот Бланик едреличарски куп, со учество на 12 натпреварувачи. Се одржа дисциплината прецизно слетување на едрелици. Учествуваа едреличари од Куманово, како домаќин на купот, Прилеп, Битола Скопје и Штип.Купот се одржа на спортскиот аеродром Аџи Тепе во Куманиво, со поддршка на ВФМ. Пехарите во поеденечна конкутренција ги освоија Марјан Ивановски, кој беше прв, а Никола Ивановски трет. Во екипна конкуренција штипскиот Аеро клуб исто така го освои првото место, пред Аеро клубот во Прилеп и Куманово. И покрај тоа сите аеро клубови во Македонија имаат проблеми, и така да се каже работат на шкрги, сепак ентузијазмот и љубовта кон овој спорт не ги напушта. Ова е уште една афирмација на Аеро клубот во нашиот град и се разбира на Штип. Честитки и благодарност до семејството Ивановски кое ја одржува традицијата на успеси на овој спорт и на Аеро клубот во Штип.
Поединечно Марјан Ивановски, Мартин Јованоски, Никола Ивановски. Екипно Марјан и Никола Ивановски, Штип, Мартин Јовановски и Горги Манчевски, Прилеп и Ненад Давидовиќ и Бобан Милановски- Куманово
Please follow and like us: