Борачот на Балканец, Бобан Данов, кој 2005 година беше европски вицешампион во кадетска конкуренција во борење, слободен стил, настапува и во други спортски боречки дисциплини. Тој во Шпанија викендов учествуваше на ЕП во самбо . Тоа е дисциплина слична на борењето и борбите завршуваат доста брзо, со туш. На крајот одлучува силата и техниката во самбо. Противникот треба да се тушира на двете плеќи, да се задржи неколку секунди, како што е и во борењето.
Денеска Бобан Данов во категоријата плус 100 килограми за половина минута го тушираше Шпанецот Хавиер Де Паз. Во полуфиналето, Бобан ДАНОВ, ја почна акцијата , но Украинскот борач Витали Хербениук му контрираше и го тушираше. Така, 34 годишниот Бобан Данов мораше да се задоволи со бронзен медал, прв за Македонија од европските првенства во самбо. Во секој случај, Бобан ДАНОВ , успешно ја претставуваше нашата држава во Шпанија.