Од 14 до 23 јуни, младата одбојкарска репрезентација на Македонија ќе се подготвува во Штип. Тренинзите ќе се одвиваат во спортската сала Јордан Мијалков. Младите одбојкари од 24 до 29 јуни ќе учествуваат на Балканското првенство во Тирана , Албанија.
Не случајно е одбран Штип да ги угости репрезентативците. Познато е дека младинската екипа на УГД Студент го освои третото место на Државната лига, а пионерите на УГД Студент беа шампиони на Македонија. Токму оваа екипа е единствената во Штип што годинава се закити со златни медали во колективните спортови.
Инаку, да споменеме дека селектор на младата репрезентација на Македонија е тренерот на УГД Студент, Ванчо САНЕВ, кој ги води и младинците и пионерите на штипскиот клуб. Во македонската репрезентација на Балканското првенство ќе се најдат и штипските одбојкари , Стефан Санев и Дарко Тошиќ