Како што најавијја продолжи заедничката средба на неколку спортисти во Штип, кои постојано се дружат. Така беше пред неколку дена кога овие спортисти беа гости на трофејниот тренер Мирко Наџаков, во неговата викендичка во Сутлакот. портистите на покана на поранешниот претседател на ИС на Штип и на ФК Брегалница, Киро ШАЛЕВ, еден од најценетите штипјани, стопанственик, политичар и спортски работник, беа негови гости..Беа присутни Стојан Арсов, Стојан Шумански, Мирко Наџаков, Стево Илиев, Кирил Манев , потпомогнати и од музиичарот .„Пајче“… Не случајно беше избран 29 ноември. Спортистите сакаа да се потсетат на едно убаво време, кога спортистите се почитуваа, дружеа. Затоа, по средбата беше дадена порака до спортстите- да заборават на омразата,кавгите делбите, алчноста. Наместо тоа, побараа – дружењето да продолжи и меѓусебното почитување.
Киро Шалев, кој беше одличен домаќин, на гостите им го честиташе 29 ноември, а подоцна кон честит.ките
се приклучи и Петар Каракашев, екс фудбалер на Брегалница,, со кого беше воспостевена видео врска.со Канада, каде тој живее.
Неговиот глас го слушаа, а во исто време и гледаа сите присутни на средбата. Каракашев на сите учесници им го честиташе 29 ноември и им посака среќа радост, здравје.Тој ги придружуваше гостите кај Киро Шалев и пееше со нив македонски песни.
Во една убава атмосфера, со музика и песни, предводени од Стојан Арсов и Стојан Шумански.и другите ,повеќе од пет часа гостите се релаксираа, го одбележуваа 29 ноември, кој порано се славеше како Ден на Републиката .. Падна нов договор за нова средба. Во исто време сите ,посакаа Брегалница во новата сезона да постигнува подобри резултати.
Галерија : тука.