Во новата сезона , Штип ќе има женска фудбалска екипа во Кадетската лига на Македонија, во името на Мал Ајакс. Сепак, се зависи и од локалната самоуправа која треба да обезбеди терен за тренирање и играње првенствени средби.
„Ќе разговараме во локалната самоуправа да ни дозволат да користеме некои терени во Штип, пред се во Бело Брдо и Суитлакот. Имаме неколку млади раскошни талентки, кои на таа возраст играат дури подобро и од машките. Со помош на нашите девојчиња, Тиверија годинава ја освои титулата во Државната кадетска лига. Сега сите тие же се вратат во нашиот клуб. Се работи за шест девојчиња Во нашиот клуб тренираат околу 20 пионерки и кадетки. Верувам дека штипјани во новата сезона ќе уживаат во убавите потези на девојчињата, кои би требало да се натпреваруваат во Кадетската лига на Македонија…“- вели Влатко Манев , претседател и тренер на Мал Ајакс.
Голема надеж на женскиот фудбал во Штип се талентираните девојчиња, кои ја донесоа титулата на Тиверија во Државната кадетска лига. Тоа се Ања Михајлова, Ангела Блажева, Ангела Стојменова, Кристина Велинова, Никица Трендова и Ива Салтирова ( на фотографијата).