Екипата Мол Фехервар , каде игра Бобан Николов, веќе трета сезона обезбедува пласман во европските купови. Во ова коло, МОЛ во дербито на колото го победи новиот- стар шампион на Унгарија, Ференцварош со 1-0. Со оваа победа МОЛ го обезбеди второто место во унгарското првенство. Обезбеди учество во Лигата на Европа. Во екипата на МОл игра уште еден македонски репрезентативец, Муслиу.
Во континуитет, Бобан Николов не само што игра за македонската репрезентација, туку и во европските фудбалски купови.. Има блескава кариера.
Бобан Николов е роден 28 јули 1994 година.во Штип. Првите чекори во фудбалот ги направи во Брегалница, а потоа се досоувршуваше во Академијата на поранешната романска легенда, по потекло од Македонија, Георѓи Хаџа. Од 2012 до 2015 година ги бранеше боите на романмскиот првологаш Виторул од Костанца, Вп 2016 година стана член на скопскиот прволигаш Вардар. Истата година играше со ВАРДАР во КЕШ, со Динамо од Загреб. Во 2017 година , Бобан Николов го отвори патот на ВАРДАР , како шампион на Македонмија, во групната фаза на Лигата на Европа.Бобан Николов постигна три гола и беше најзаслужен за историскиот пласман на скопскиот клуб. Таа,, 2017 година,, Бобан Николов, како капитен на младата репрезнтација на Македонија , постигна уште еден историски успех- пласман на ЕП во Полска.Бобан Николов беше најдобар и беше прогласен меѓу 30-те најдобри фудбалери во КЕШ..Беше прогласен и за најдобар фудбалер на Скопје, а во Штип го доби општинското признание „Свети Никола“.Во 2018 година замина во унгарскиот прволигаш Видеотон, сега Мол Ферхавер. Уште првата година, со него Мол, стана шампион на Унгарија. Веќе три сезони едноподруго учествува во европските купови со унгарската екипа.
Интересно е да се спомене дека Бобан Николов во 2017 година , во исто време, играше и за младата селекција и за А селекцијата на Македонија.Треба да се спомене дека и таткото на Бобан, Санде Николов- ЦАНЕ е успешен спортски работник,стопанственик,но и хуманист..

Фотографија на Stipski asovi.

424

Опфатени луѓе

22

Интеракција
Промовирај
Коментари
Коментирај како Stipski asovi