Во организација на БК Балканец во Штип се одржа традиционалната манифестација„Штипски боречки асови“. Учествуваа околу 140 млади борачи од Македонија, Бугарија, Хрватска и Косово.Беше тоа одлична организација. Се слушна химната на Македонија, се оддаде почит на легендите на Балканец, кои повеќе не се меѓу живите- Киро Ристов,Томе Атанасов, Симеон Шутев,Марјан Наумов, Лазар Коцев, Љупчо Џамгозов, Борче Димитров. Плакети на семејствата на починатите борачи им врачија исто така легендите на штипското и македонското борење Зоран Шоров, Дејан Богданов,Трајче Димков, Дејан Митров, Томе Коцев, Бобан Данов, Жарко Коцев.
За придонесот што го даваат за борењето и спортот во Штип и Македонија, плакети добија градоначалникот на Штип Благој Бочварски, кој го отвори и овој турнир, претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези, д-р Сашко Николов, кардиохирург со „златни раце“, бизнисменот Кирил Гогов, боречките судии Марјан Лазаров и Даниле Илиев, навивачката група Фаланга ,авторот на овие редови, Кирил Манев…
Трофејот „Штипски боречки асови“ го освои членот на Балканец, Андреј Трајчов, најмлад талент Јован Атанасов, најдобар домашен борач- Леон Манов, најдобар техничар- Марио Ананиев, сите членови на Балканец. Првите места од Балканец ги освоија Леон Манов, Јован Атанасов,Марио Ананиев Јован Стефанов, Андреј Трајчов, Зоран Шоров- јуниор, Андреј Мишев, Јован Балабанов, Стојанче Стојков Никола Гацов, Филип Коцев, Александар Нацев, Стефан Стојков,Љупче Тасев, Алекс Георгиев.