Познатото Еврејско еснафско семејство Рубиса во. Штип бело почитувано и препознатливо по добрината. „Главата“ на семејството Моис Рубиса има богата историја , а тоа може да се забележи во кои кругови во кои се движел ( збирна Фогографија).По неговата смрт и сопругата Павлина, неговото дело го продолжуваат синот Митко Рубиса и децата Павле и Моис- Моне. Тие често доаѓаат во Штип. Родното огниште не го забораваат. Имаат и мноштво пријатели и другари, како што се Ердиќ Ризаов -ПАТЕ, со кого Јоле се побратими. Столе Колев- Словенецот, Кирил Манев, Добре Маринков, Никола Штериев…Да потсетиме . Јоле Рубиса, кој работеше во Метална кога живееше во Штип беше и одличен борач на Балканец.
Сега, преку една фотографија што ми ја испати Пепи Петковски- Риџис сфатив дека и скромниот Моис, син на Јоле, бил еден од најдобрите штипски кошаркари пред 2000 година, кога се уште беа во Штип. Моис Рубиса играл за КК Гусари и бил еден од најперспективните кошаркари во градот. Во 2ооо година бил и тренер на КК Гусари, заедно со Борче Илиевски Шанса ( на фотографијата- десно на крајот е Моис Рубиса.). Во таа генерација на „Гусари“,која била една од најдобрите во Македонија, играле и Петре Петковски- Риџис, сега тренер на ЖЖ ТИМ АРЕНА и поранешен државен репрезентативец во кадетска конкуренција, кој ги бранеше боите на македонската репрезентација на ЕП во Шпанија, Зоран Илиев, Дарко Роглев, Иван Јованов, сегашен тренер на КК Соколи,, Зоран Зрнцев, Дејан Иванов,, Драган Јованов…
Инаку, кога зборуваме за семејството Рубиса, да споменеме дека кога во Израел доаѓаат македонски спортисти ги пречекуваат на аеродромот со македонски знамиња. Нивното гостопримство нема граници! Тие се познати и по хуманоста! Големи бизнисмени во Израел ! Деновиве Митко Јоле Рубиса и синот Пајо му се поклонија и на најголемиот спортист на Македонија Шабан Трстена , кога ги доделуваше и ОСКАРИТЕ на најдобрите новинари во Македонија, меѓу нив бев и јас.
Please follow and like us: