Попладневно во АМС директорот Наумче Мојсовски го прими македонскиот спортски херој Дејан Георгиевски и неговите тренери. По големиот успех во Токио, тренерот Костовски најави изградба на олимписки таеквондо центар, бидејќи овој спорт во овој момент е носечки во Македонија.. Од друга страна, директорот Наумче Мојсовски ги реафирмира спортските боречки центри во неколку градови во Македонија.. Тие би се наоѓале во реконструираните сали на Партизан, кои би се пренамениле во центри за боречки спортови.
Интересно е да се спомене дека целото семејство на Дејан Георгивски е „заразено“ со таеквондо. Неговата сестра Анамарија е јуниорска светска првенка во Таеквондо, а неговиот брат Балкански шампион. Тренерот Дарко Костовски најави дека уште сега ќе почнат да се подготвуваат за идната Олимпијада во Париз ,2024, ,од каде очекува да се вратат со златен медал..
Please follow and like us: