Штипските ученици во училишниот спорт годинава постигнаа одлични резултати. Тоа го потврдува и секретарот на Општинскиот сојуз за училишен спорт во Штип, Трајче Филипов.
„Постигнавме успеси во неколку спортски дициплини. Можеби тоа беа најдобри резултати во изминатите години. Освоени се медали во атлетика, тенис, одбојка Очекуваме нови медали и во други други спортски дисциплини кои следуваат, посебно во борење…“- вели агилниот секретар на Општинскиот сојуз за училишен спорт, Трајче Филипов, кој одлично ги организираше и општинските натпревари во училишиен спорт во Штип
Викендов, штипските ученици постигнаа нови успеси. Ги продолжија успешните резултати на учениците од Штип на државните натпревари во скијање, кои неодамна се одржаа во Маврово. Иако во Штип нема доволно снег или патеки, сепак беа освони едно прво и второ место. Сара Димитровска ученичка во Гимназијата стана државен првак во скијање, а Ева Мнасијевска беше втора за ученици во основните училишта (фото)
Викендов штипските ученици можат да се пофалат и со други успеси. Во Струмица се одржаа училишните натпревари во одбојка. Штипската екипа од ЕМУЦ , Никола Нехтенин, го освои третото место (фото). Штип има и државен првак во тенис во училишните државни натпревари што се одржаа во Кочани. Бојан Михајлов, стана државен шампион, додека Лидија Ангелова и Матеј Едровски беа четврти.(фото). Во атлетика , во дисциплината фрлање ѓуле, се освоени две сребрени и еден бронзен медал. Ги освоија учениците од Средното медицинско училиште Јане Сандански- Јована Конева,, Марко Трајчев и бронзен Костадин Петров (фото).
На првата фотографија одбојкарите на Емуц Никола Нехтенин, на втората атлетичарите, третата и четвртата фотографија тенисерите.
Please follow and like us: