СИНОЌА, во преполната спортска сала Јордан Мијалков, се одигра 4 коло во Втората кошаркарска лига, мажи. Се сретнаа Соколи 1933- Штип и Струмица. По многу интересна, тензична, динамична и драматична средба, на крајот на победата се радуваа домашните кои ја победија екипата на Струмица со 77-68 кошеви. Ова е трета победа на штипските кошаркари. кои сакаат годинава да се вратат во Првата кошаркарска лига, која ја напуштија 2015-16 година.
Please follow and like us: