Штипските „сини“ вчера го одржаа првиот тренинг, денеска е вториот. Во овој преоден рок Брегалница остана без Сашо Шоповски, кој во есенскиот дел одигра 15 средби , со вкупна минутажа од 814 минути. Разделбата со Шоповски беше пријателска . Уште на првиот тренинг се забележа дека атмосферата во екипата е добра. Но, како ја оценува капитенот, Ристе Наумов, кој есеноска беше еден од најдобрите фудбалери, иако има 39 години. Тој есенва одигра 14 средби, и вкупно 1045 минути.
„Мора да кажам дека атмосферата во екипа е одлична.Сиуте фудбалери добро се познаваме меѓу себе. Фукциониураме како едно семејство. Фудбалерите, пред се , се добри личности, но и одлични фудбалери. Имаме квалиттен состав. Имаме предност пред Тиквеш 7 бодови.Но, ако ни пристапил некој квалитетен фудбалер добро би ни дошол…“- вели Ристе Наумов.
Во паузата меѓу двете сезони, Тиквеш доби нов тренер во името на Пане Блажевски, поранешен член на Брегалница. „Тиквеш не смееме да го „отпишеме “.Кавадарчани не држат будни, што е добро и за нас, за да не предупредат дека се уште ништо не е завршено…“- додаде Ристе Наумов, кој во есенскиот дел постигна 7 голови.
Please follow and like us: