Денеска , на СЦ Џексон во Штип се одржа трибина за спортот, на која порисуствуваа истакнати спортисти и спортски работници.Ги забележавме Емил Павлов,Кирчо Патраклиев, Никола Риљак Мирко Наџаков, Влатко Костов,Здравко Коцев,Никола Штериев Мики Тодоров,,Сашко Караколев, Жарко Коцев Борче Постолов, Елмир Мандак, Лазар и Павле Тодорови,Методи Папаров, Ване Хубрев, Лазе Илиев, Ведат Адемов, Александар Митрев. … и многу други. Околу 70 спористи и спортски работници присустуваа на трибината. . Се почитуваа сите препораки на здравствените работници, за дистанца меѓу себе и носење заштитни маски..Со оглед на големиот интерес што владееше за оваа трибина,,истата преку социјалните мрежи , Интернет, ја следеа голем број штипјани во своите домови и не само штипјани, Навистина, трибината беше добро органиизирана , на отворен простор..,.
На трибината зборуваа градначалникот на Штип Благој Бочварски и кандидатот за пратеник од Изборната единица 3,, д-р Сашко Николов,интервентен кардиолог во Клиничката болница во Штип, кој има голема популарност не само во овој град , туку и во Источниот регион.. Интересно е да се спомене дека д-р Сашко Николов својата спортска кариера ја започна како каратист, но поради студиите предвреме се откажа. Сепак, на Сашко Николов и натаму во крвта му е спортот.. Постојано е со спортистите и кај него сите спортисти имаат бесплатни прегледи. Може да се каже, покрај тоа што е и одличен интервентен кардиолот, туку тој е и голем хуманист. Тој не крие ,и тоа јавно го кажува, дека и натаму , и како пратеник, ќе ги помага спортистите, ќе се грижи за нивното здравје, и натаму ќе биде нивен најдобар пријател.. Секогаш за нив и не само за нив, за нивните барања ќе има време.
На трибината, градоначалникот Благој Бочварски ги истакна досега сите реализирани проекти од спортската инфраструктура, но оти нема да остане само на тоа. Спомна дека сега се ослободуваат и повеќе пари за спортските клубови, дека во Штип започна да се гради покриен базен, диговорени се активносите за изградба и на трибина на Градскиит стадион, со сите меѓунаридни стандарди, , продожува изградбата и на други спортски терени, што ќе придонесе за подинамичен развој на спортот. Меѓу капиталните објекти ја спомна и браната на Отиња, која ќе биде добредојдена и за спортисите, но ќе ја измени и климата во Штип, За неа, рече, веќе има согласност и проект, кои ги доби сите потребни дозволи..
Бочварски потсети и мнгу нови изградени и опремени спортски сали,во училиштата,- спортската инфграструктура и натаму ќе биде преокупација на локалната власт , додаде Бочварски…
Од друга страна, д-р Сашко Николов забележа дека Штип има многу квалитетни спортски работници на кои местото им е и во сортските федерации и стручните органи.Нагласи дека како пратеник сите тие ќе ја имаат и неговата поддршка за напредување во кариерите.
Please follow and like us: