Пред дербито во Штип, Брегалница- Кит-го
ГОСТИТЕ ВНИМАТЕЛНИ СО ИЗЈАВИТЕ, ДОМАЌИНИТЕ ОЧЕКУВААТ ДА ПРОДОЛЖИ УСПЕШНАТА СЕРИЈА
Во недела се ќе биде во знакот на дербито на колото меѓу Брегалница- Кит-го. Се очекува голема посета. Се работи за престиж на двете екипи, но и за подобрување пласманот на табелата.
Гостите се внимателни со изјавите.
„ Почна да тренира голманот Дураковиќ , нема да игра Ристевски, кој беше исклучен во РАДОВИШ. Верувам дека во недела ќе победи фудбалот во Штип. Нека победи кој ќе има поголема среќа и ќе биде подобар…“ изјави тренерот на Кит-го, Трајче Сенев.
Претседателот и сопственик на Кит-го, Кирил Гогов , кој денеска ја доби осмоноемвриската награда на Штип не сакаше да го коментира дербито. Само рече дека очекува добар фудбал, со коректно и спортско
однесување.
Од друга страна , тренерот на Брегалница Зоран Штерјовски верува петта победа по ред.
Во секоја средба влегуваме да постигнеме позитивен резултат. Неделанва на тренинзите се приклучи и повредениот Стефан Мишев. Верувам дека нашата успешна серија ќе продолжи и во недела. Очекувам позитивен резултат…“- изјави тренерот на Брегалница, Зоран Штерјовски.