Во спортската сала на КК Штип синоќа беше свечено. Се славеа резултатите на каратистите, гордоста на Штип и Македонија. Скромните момчиња, на чело со европскиот шампион Емил Павлов и тренерот на годината Сашко Арсовски ме пречекаа пред вратата на салата, што за мене беше чест, но во исто време и ја покажаа својот почит кон новинарската фела, иако од штипските новинари само јас бев присутен, како што беше случај и во салата на Балканец каде исто така се славеше.
Сашко Арсовски, човекот кој со својот брат има сопствена сала, иако мала , но доволна да собере 50 момчиња и девојки да тренираат во неа. Ја оддржуваат салата, се разбира и помошта од државата не изостанува. Па, кој не би сакал успешни резултати!
Сашко Арсовски , како претседател на клубот, ги поздрави сите учесници на оваа средба, кои во годината што изминува постигнаа најдобри резултати во историјата на спортот во самостојна Македонија.. Потоа, децата се забавуваа со музика , имаше и коктел, како честитка и за нив на успесите. Токму во младите се гледа и иднината на каратето.
За резултатите на каратистите доста сме зборувале и пишувале., Сега ќе ги споменеме и најважните. Емил ПАВЛОВ годинава стана двократен европски првак , единствен Македонец кој во овие 27 години освои европско злато- од олимпискиот спорт и е прогласен за најдобар спортист на Македонија.Иста е ситуацијата и со тренерот-селектор Сашко Арсовски, кој беше прогласен за најдобар тренер и кој во овие 27 години е прв најдобар тренер во Македонија од олимписките спортови. Да потсетиме и на бронзата на Жарко Арсовски на МИ во Тарагона, Шпанија, но и седмото место во екипна конкуренција на СП , како и првото злато во екипна конкуренција на Балканското првенство. КК Штип годинава ,по 26 години ,ја донесе титулата државен првак во Штип.Имав чест на нивно инсистирање да се фотографирам со најдобрите, Емил Павлов и Сашко Арсовски., со желба и во новата година да продолжи континуитетет на успешни резултати.