Викендов во Лесковац, Србија се одржа традиционалниот пливачки митинг „Лесковачки победник 2019“. Учествуваа 499 пливачи од Србија, Македонија и Бугарија. Учествуваа и младите пливачи „Челични“ од Штип. Штипјани се вратија со 4 медали- три бронзени и еден сребрен медал.
Со две бронзени медали се врати Смиљан Нашков на 50 и 100 метри градно.Вероника Зашевска освои сребрен медал во дисциплината 100 метри делфин. Во истата дисциплина, Анабела Јанев се закити со бронза. Добри резултати постигнаа и Тео Улански,Ренато Ристов, Методи Георгиев…
Пливачите беа предводени од педагозите Мирко Јакимовски и Методи Петров.
Please follow and like us: