КИК БОКСЕРИТЕ НА ШЕНОЛ АСАНОВ НА ТУРНИР ВО БИХ!
На 1 декември кик боксерите на „Гладијатор“ ќе учествуваат на голем меѓунариден турнир во ПРЊАВ ОПЕН во БИХ.
„Ќе учествуваат кик боксери од Бих, Србија, Црна Гора,Хрватска, Бугарија, Турција. Тоа ќе биде вистинска проверка за моите кик боксери Славче Арсов, кој ќе настапи во категоријата до 75 и Никола Нацев до 69 кгр. Очекувам добри резултати и од Славче Арсов и Никола Нацев. Учествуваат најмоќните кик бокс репрезентации на Балканот, Нашите момчиња имаат квалитет да им се спротистават…“- истакнува тренерот Шенол Асанов.
Please follow and like us: