Емил Павлов, најдобриот македонски спортист, продолжи со индивидуалните тренинзи во Берово. Се подготвува по специјална програма. Емил ПАВЛОВ, од кого зрачи секогаш позитивна енергија, со нетрпение го очекува квалификациониот турнир за обезбедување олимписка норма за ЛОИ во Токио 2021 година. Тој турнир ќе се одржи во ПАРИЗ,но терминот се уште не е договорен.
„Јас се подготвувам за квалификациониот турнир во Париз, како утре да се случи.. Потребен ми е само еден чекор за да го исполнам мојот дамнешен сон- да учествувам на ЛОИ. Сега знам дека ми треба уште еден медал во мојата збирка медали. Тој медал ќе ми биде најзначаен. Ако го освојам во Париз, ќе ја исполнам олимписката норма за ЛОИ во Токио. Досега олимпоиската норма ја обезбедија по 2 каратисти во категориите до 60 и 67 килограми, категории кои се спојуваат во една на ЛОИ во Токио. Значи, треба да освојам еден од трите медали на квалификациониот турнир во категоријата до 67 килограми, во која ќе настапам на турнирот.. Ќе учествуваат топ 50 најдобри каратисти во двете категории. Јас сум убеден дека ќе стигнам до олимписката норма. ..“- изјави најдобриот македонски спортист, Емил ПАВЛОВ.
Инаку, на турнирот во Париз можат да се обезбедат вкупно уште 4 олимписки норми, плус една норма ќе добие домаќинот на ЛОИ Јапонија Тоа се 9 олимписки норми И последната, 10 олимписка норма, ќе ја додели Меѓународниот олимписки комитет, вајлд карта. Кога сме кај Емил ПАВЛОВ треба да додадеме дека тој во овој момент на светската ранг листа се наоѓа на високото петто место. Четворицата каратисти кои се наоѓаат пред Емил ПАВЛОВ, првите двајца имаат обезбедено олимписка норма, а другите двајца Емил ПАВЛОВ кои се пред него на светската ранг листа, ги има победувано на ЕП и светските премиер лиги.