Во градот под Исарот е формиран првиот кошаркарски клуб во нашата држава, „Ванчо Прќе“’, 1945 година кој официјално е и првиот македонски шампион. Во Штип е донесена првата кошаркарска топка во Македонија, 1932 година, ја донесе Трајко Кошевалиски, кој беше и прв македонски кошаркарски судија.Официјалениот прв кошаркарски натпревар во нашата држава е одигран во градот под Исдарот ,на 27 август 1933 година. За жал, сега Штип нема кошаркарски клуб ни во машка, ни во женска конкуренција кои би се натпреварувале во елитните друштва на Македонија. Последен пат, во Првата лига на Македонија се натпреваруваше екипата на УГД Студент, 2014-2016 година, но поради немање финансиски средства ја напушти лигата.
Сепак, интересот на младите во Штип за кошарката е голем. По заслуга на неколку ентузијасти во Штип, засега добро функционираат две кошаркарски школи , со млади таленти. Тие деновиве учествуваа на традиционалните турнири на ТВ Спорт клуб 1. Во четири градови во Македонија се организираат баскет натпревари 5х5 , со околу 30 екипи. Најдобрата екипа ќе учествувува на финалниот турнир на Спорт клуб 1, со учество на најдобрите екипи од сите екс ју простори.
Еден од турнирите во нашата држава се одржа во Струмица, во спортската сала ПАРК. Учествуваа двете штипски екипи – женскиот кошаркарски клуб Арена и машкиот УГД Студент Веруваме дека младите кошаркари ќе ја вратат славата на некогашните кошаркари , кои 1945 година ја претставуваа Македонија на Државното првенство во Суботица- сите репрезентативци и селекторот беа од Штип.