Пионерско- младинските школи на Брегалница, кои по две сезони се враќаат во елитното друштво- супер лигите на ФФМ,,се подготвуваат под „полна пареа“. Во новата сезона пионерско младинската школа ќе играат со Вардар, Шкендија, Рабиотнички, Академија Пандев, Победа, Пелистер. Младинците и кадетите на Брегалница од понеделник, 10 август ќе заминат на подготовки во Пехчево. Тоа е заслуга и на раководството на Брегалница, на чело со првиот човек на Брегалница, Кирил Гогов. Тренери на овие школи на Брегалница се Влатко Давитков (млади), кадете и пионери – Драган Арсовски,, помлади пионери Мијалче Прошев,кондициони тренери Лазар Илиев и Иван Варадиновски, координатор на сите школи Борче Постолов.
Please follow and like us: