За него нема замор. Во текот на сите 90 минути го „ора“ теренот. Има голема концентрација и добар центаршут. Одлично се пробива по левата страна. Михаиил Маневски пред средбата со Пелистер има свое видување.
„Очекувам една израмнета и тврда средба Ќе одлучуваат ситници . Верувам дека тие ситници ќе ги свртеме на наша страна, односно нема да дозволиме тие да бидат на наша штета.Ниe сакаме да продолжиме со успешната серија, да останеме во горниот дел на табелата. Очекувам да донесеме три бода од Битола. Пелистер го респектираме, а тоа го покажуваат и неговите резултати на домашен терен. Сепак , и ние имаме свои желби и амбиции…“ вели Михаил Маневски од кого секогаш зрачи ведар дух и оптимизам
Please follow and like us: