Во третото есенско коло се повреди и оттогаш не се појавуваше во екипата. Но, сега се е во најдобар ред со младиот репрезентативец на Македонија, Михаил Маневски.
„По операцијата , почнав со рехабилитацијата. Засега рехабилитацијата се одвива во најдобар ред. Во хотелот Русија се одвива таа . Овде ќе останам се до почетокот на подготовките , а по 10-15 дена ќе се приклучам на Брегалница. Мислам дека за пролетниот дел ќе бидам фит. Едвај чекам да заиграм во екипата. Сите кои се грижат за моето здравје се задоволни како напредувам со ногата. Би сакал да упатам голема благодарност од мене до тренерот Александар Танчевски, со кого сум во постојан контакт . Очекувам , конечно , да завршат малерите и пеховите кои ми се случија есеноска. Можам да ветам дека напролет ќе продолжам со одличните игри и ќе дадам придонес за промоцихјата на Брегалница во Првата лига, каде ни е и местото Нашиот клуб и град заслужуваат да имаат член во елитното друштво…“- вели Михаил МАНЕВСКИ, секогаш коректен и расположен за разговор .
Please follow and like us: