Во Унгарија заврши европскиот камп за млади пингпонгарски таленти. Кампот го посетуваа и тројца млади пингпонгари од нашата држава. Во рамките на кампот се имаше и натпреварувачки дел. Од македонските пингпонгари најдобар впечаток остави 11 годишниот Лука Стојчев, член на Шампион Фа од Штип. Тој во групната фаза се пласира на 9 место . Извојува пет победи и доживеа два пораза. Во групата за пласман од 9 до 12 место, Лука Стојчев беше најдобар и го освои првото место, што значи на крајот се пласира на деветото место. Со оглед на тоа што се пласира меѓу десетте најдобри европски пингпонгари, родени 2007-2010 година, Лука Стојчев ќе учествува и на понапредните европски кампови
Со македонските пингпонгари во Унгарија патуваше и познзтиот пингпонгар и тренер Сашко Богатинов од ПК Шампион ФА.