Дали „десетките“’ на Ѓоше Николов се рекордни?
12 ДЕСЕТКИ ЌЕ СЕ ПАМЕТАТ!
Ѓоше Николов не е непознато фудбалско име. Играше и во Втората и Третата фудбалска лига на СФР. Сега е тренер на младинските категории.Ги бранеше боите на Брегалница. Педантно ги броел сите настапи , но и оценките со кои бил оценуван од новинарите во дневниит печат. Пред друштвото ,со желба да ни ја честита Новата година ,извади еден текст од весникот „Вечер“, кога Брегалница играше во Првата фудбалска лига, со Беласица. Го читаше текстот на глас од својот мобилен. Брегалница на таа средба победи со 2-1, а стрелец на еден гол е Ѓоше Николов, а на вториот е асистент. Токму овој автор за таа средба, кога навистина се играше квалитетен фудбал, но и ривалството со Беласица беше големо, го оцени со 10!
„Имам педантна евиднеција за моите настапи. Добив вкупно 12 „десетки“ во мојата кариеара. И сите тие оценки беа од еден ист новинар, Кирил Манев, кој соработуваше и со „Вечер“ и „Спорт“- Белград. Му благодарам што коректно ги оценуваше моите игри, но и на сите други фудбалери.. Штета што сега нема доволно ни спортски новинари, дневни весници, ни спортски, што е резултат и на лошиот квалитет на фудбалот, за да ги читаме оценките на фудбалерите. …- истакна Ѓоше Николов.
Инаку, сега оценката „десет“ ја заслужува и синот на Ѓоше Николов, Иван кој игра во репрезентацијата до 16 години и е стандарден репрезентативец . Му посакуваме и тој да добива постојано вакви оценки, не само од новинарите, туку и од тренерите.
Токму со овој текст ја завршуваме оваа година, посакувајќи „десетките“ да бидат постојано присутни кај спортистите.„Десетки “ заслужуваат и нашите верни читатели, бидејќи оваа страница на ФБ е присутна речиси во секој дом во Штип и пошироко. Оваа страница , „скокна“ повисоко и прерасна и во портал, за да придонесе спортскита настани да се слушнат и подалеку. од Македонија Ние ќе се трудиме и идната година да информираме објективно и уште повеќе да го зголемуваме бројот на посетителите на Штипски асови, и на Штипски асови.мк.
Следете не! Среќна и бериќетна Нова година!
Please follow and like us: