Деновиве се официјализира соработката на ФК Кит-го со Кралскиот клуб Реал МАДРИД. Потпиашен е и договор за соработка. Тоа се случи откако првиот човек на Кит-го, Кирил Гогов доби големо признание на средбата во Дубровник организирана за 300-те најдобри компании во Европа. Менаџерот на Компанијата Кит-го, Кирил Гогов, во чија сопственост е и Фудбалскиот клуб, го доби признанието „создавач на 21 век“. Тој имаше и обраќање на овој голем самит на најдобрите компании.
Потпишувањето на договорот со Кралскиот клуб Реал Мадрид дојде по враќањето на Кирил Гогов од Дубровник, каде имаше средби со познати менаџери на најдобрите компании во Европа.Според потпишанот договор на Кит-го и Реал Мадрид клиник за соработка, покрај другото стои дека во Штип ќе се организира камп на Кралскиот клуб за деца од 7 до 17 годишна возраст. За сите деца ќе биде обезбедена и соодветна спортска опрема. Во овој камп ќе бидат вклучени и експерти- тренери на Реал Мадрид, кои ќе ги обучуваат и едуцираат и тренерите на Кит-го, Брегалница, Академија Постолоов Пандев и другите фудбалски клубови, за да напредуваат во своите кариери. Сето ова ќе биде озозможено преку Фондацијата Клиник која е специјализирана за фудбалската обука , преку лиценцираниот партнер „ Еуро спорт Арена“, чиј раководител е Влатко Тодев.
„Верувам дека оваа соработка со Реал Мадрид ќе биде од полза на сите македонски фудбалски клубови и за подинамичен развој на македонскиот фудбал..“ – вели Кирил Гогов, кој презеде повеќе активности во Штип за нормално функционирање на овој камп.