Денеска се одиграа четвртфиналните средби од Купот на Македонија за кадети. Во Битола се одигра реванш средбата меѓу Пелистер и Брегалница. Штипските кадети беа многу подобри и победија со 4-2. Во првата средба во Штип, Брегалница извојува уште поубедлива победа од 5-0. Со вкупен резултат од 9-2, Брегалница го елиминира Пелистер. Головите за Брегалница во Битола ги постигнаа рскошните таленти Љупче Кудев и Бране Ангелов, кои тренираат и со првата екипа Очигледно, „реформите“ во штипскиот второлигаш ги дава почетнитѕе резултати. Координатор на сите млади категории во Брегалница е екс интернационалецот, Борче Постолов.
Штипските кадети ја очекуваат екипата која во полуфиналето на Купот ќе им биде противник. Тренер на кадетите на Брегалница е екс фудбалскиот ас, Влатко Давитков.