Познато е дека Емил Павлов во овој момент, но и последните десетина години, е најдобар спортист во Македонија. Носител е на 9 одличја- медали од европските првенства и Светските премиер лиги. Досега донесе 4 златни медали од сите овие значајни натпревари.Импресионира со скромноста и позитивната енергија!
Дека Емил ПАВЛОВ е идол на сите генерации беше потврдено на неколку спортски приредби. Лани учествуваше на Европската недела на спортот, што се одржа на Градскиот стадион, на 28 септември ,и на 24 јули, на денешен ден ,исто така лани, во Училишниот клуб Димитар Влахов беше гост. Емил Павлов имаше средба со децата од ова училиште, каде тој го заврши основното училиште. Домаќин му беше професорот по физичко воспитување, Дарко Митев. Се потсетуваме на овие две спортски манифестации, каде Емил Павлов беше гост. Веруваме дека вакви средби Емил ПАВЛОВ со децата и не само со нив ќе има и до крајот на оваа и идната година! Една фотографија- илјада зборови!
Please follow and like us: