Кошаркарките на ТИМ Арена- Штип. стартуваа повеќе од успешно во Првата Б кошаркарска лига, жени. На стартот направија ршум во Куманово. Ја совладаа домашната екипа на Риниа со 93-36 кошеви. Извонреден почеток на женската кошаркарска екипа на ТИМ АРЕНА. „ Не ги знаеме квалитетите на другите екипи во оваа лига, но стартот е одличен…“-, кратко ни изјави тренерот Петре Риџис Петковски. Нема дилеми, овој клуб, под раководството на Марија Гогова, одлично е подготвен за ова првенство. Штипјани сезонава ќе гледаат и квалитетна женска кошарка!
Please follow and like us: