Директорот на ФБСМ, на денешното годишно собрание, Страшо Глигоров е разрешен на функцијата директор на Федерациата за боречки спортови. Иницијативата за негово разрешување, како што ни изјави заменик претседателот на ФБСМ, Дејан Богданов ја покренале 22 клуба поради ширење лажни информации во јавноста, манипулирање на клубовите и рушење угледот на Федерацијата. На местото на Глигоров е именуван Сократ Ефтимов, поранешен репрезентативец, борач и педагог, познат спортски работник.
На денешното годишно собрание на ФБСМ, што денеска се одржа во Скопје, усвоен е извештајот за работењето на Федерацијата, како и програмата за работа во идниот период.Претставниците на клубовите изразиле задоволство од досегашното работење на Федерацијата.