Препораките на Владата и на ФФМ – сите фудбалски средби да се играат без публика, Брегалница ги прифати. Корона вирусот донесе и поместување на терминот за одигрување на дербито . Средбата Брегалница- Кит-го ќе се игра, наместо во 17 часот, утре, сабота 29 февруари, три часа порано, од 14 часот. Фановите се разочарани. Тие бараат да ја следат средбата, најавија дека ќе се соберат и утре пред градскиот стадион…
Во Брегалница се е подготвено за одигрувањето на дербито на Истокот. Сигурно кога се игра фудбал најдобро е да има и полни трибини. Но, вирусот корона спречи задоволството да биде комплетно, во Штип да биде спектакл. Веројатно, фановите ќе имаат можност и преку електронските медиуми да ја следат оваа фудбалска средба.
Во секој случај, утре во Штип се очекува добра фудбалска средба . Кој е подобар нека победи!