Денеска на Градскиот стадион во Штип се сретнавме со главната инженерка за трибината која се гради покрај реката Брегалница. Тоа е младата инженерка Кристина Стоилова.
„Според договорот трибината треба да биде изградена до 1 септември годинава . Значи ,Брегалница ќе зачекори во новото првенство со новата трибина. Таа ќе биде подготвена и за сите натпревари кои ќе бидат под закрилата на УЕФА И ФИФА. До 1 септември треба да биде завршено надворешното уредување, на трибината, која е со капацитет од 2300 гледачи. Но, ќе има и слободен простор за гледачи кои ќе можат да ги следат средбите и од таа трибина. Сега треба да се уредува и внатрешната челична конструкција,, двата лифта, ВИП ложата,, надворешниот дел за паркинзи…“- ни рече градежниот инженер Кристина Стоилова, која секојдненво ги надгледува работите на трибината ..
Please follow and like us: