Раководството на Брегалница и натаму ќе дава поддршка на млададите фудбалери и ќе добиваат поголема минутажа. На фотографиит се дел од овие млади фудбалерери кои играат и во првата екипа, но и во помладите категории, сите се членови и на репрезентативните селекции
„ ќе работиме и во иднина. Мора да го надополниме она што во изминатите години беше испуштено. Повеќе млади фудбалери заминаа од Штип., бидејќи во Брегалница не ја гледаа шансата да напредуваат во кариерата….“- вели извршниот директор на Брегалница Емил Тодев
Сега состојбите во клубот се поинакви. Ете, деновиве раководството на Брегалница склучи 5 годишен договор со 17 годишниот, Љупче Кудев. Договори има склучено и со Мартин Стојанов, Анџело Николовски, Јован Манев, Матеј Георгиев, Марио Рунтев, Тони Мичковски (последните дваца играат за Кит-го.) Стипендиски договори има и со други млади фудбалери, како Лео Цуцковски, Филип Миташев, Марио Аџиев и со некои други. Во Брегалница добро се работи со сите млади категории, особено сега кога Брегалница игра во Супер лигата. Младите се иднината на Брегалница. Во тие рамки ,треба да истаклнеме дека раководството на клубот мисли и за спортската инфраструктура, која е доста значајна за напредувањето на талентираните фудбалери. Штипските „сини“ имаат на располагање неколку фудбалски терени, кои овозможуваат современи тренинзи. Треба да се очекува наскоро Штип навистина да биде фудбалски центар во Македонија, а Брегалница да игра во Првата лига, зошто не и во европските купови!?
На фотографиите талентираните Мартин Стојанов, Љупче Кудев, Јован Манев, Марио Наумовски.Матеј Георгиев Анџело Николовски,Марио Рунтев, Тони Мичковски Леон Цуцковски Марио Ациев, Филип Миташев…
Please follow and like us: