Една изјава во јавноста на големиот педагог на џиу џицу клубот „Осенсеи“- Штип, Виктор Велинов предизвика голем интерес. Не сакаме да ја коментираме неговата изјава што ја даде по меѓународниот турнир во Источно Сараево, каде 9 годишниот член на неговиоит клуб „Осенсеи“ Димитри Радев како од шега ги победуваше своите противници и го освои златниоит медал во категоријата до 30 килограми, за деца на возраст до 10 години. Патем да споменеме , Димитри Радев има неполни девет години. Еве што пишува големиот педагог.
„Секоја чест на малиот Димитри Радев и неговите родители. Димитри РАДЕВ секоја недела патува на меѓународни турнири и по 15 часови возење, да излезе на сцената и да биде најдобар. Да ги победи сите 4 противници , како што беше и на турнирот во Сараево и да го освои златниот медал, навистина е за голема пофалба. Благодарам на неговите родители за поддршката и довербата што ја имаат во мене…“- пишува тренерот Виктор Велинов, кој од Сараево, покрај златниот медал на Димитри РАДЕВ , се врати и со еден сребрен и бронзен, што ги освоија Станислав Грпов и Данил Николиски..ЧЕСТИТКИ ЗА ТРЕНЕРОТ ВИКТОР ВЕЛИНОВ!БРАВО! ТАКА РАБОТАТ САМО ГОЛЕМИТЕ ПЕДАГОЗИ!
Please follow and like us: