Викендов во Велес во еден ден се одржаа државните првенства во борење за кадети и сениори. Учествуваа 116 борачи од 17 екипи во Македонија.Во кадетска конкуренција екипно првото место го освои Балканец, пред Лирија и Студеничани. Во сениорска конкуренција најдобри беа борачите на Лирија, пред Балканец и Бучим.
Во Велес беа соопштени и резултатите во Купот на Македонија. Се сумираа резултатите од сите државни првенства годинава – од пионерска, кадетска, младинска и сениорска конкуренција.Првото место го освои Лирија, пред Балканец и Тефејуз.
Инаку, штипјани на државните првенства во Велес во кадетска и сениорска конкуренција освоија пет први места- Владимир Егоров и Дејан Митров во сениорска и Стефан Штерјов,Теодор Георгиев и Фадил Назифов во кадетска конкуренција. Организацијата на првенството беше извонредна, но и квалитетот на борбите беа на завидно ниво, особено меѓу кадетите