УЕФА ги предупреди фудбалските федерации да почитуваат три основни принципи кога се работи за корона вирусот. Федерациите треба да ги почитуваат основните принципи објективноста, транспарантноста, рамноправноста. Сето ова го немаше кога се одлучуваше за продолжување на првенството во Првата лига на Македоија.. Иако во соопштението на ФФМ се тврди дека биле транспарентни тоа е залажување на јавноста. . Можеби имало транспарентност меѓу челниците на ФФМ, но јавна расправа никако. Со донесените одлуки ништо добро не му се пишува на мак фудбалот. Каква е таа објективност, рамноправност кога не се почитуваат основните начела ни на УЕФА. Со вакви донесени одлуки во последен час мак фудбалот, веројатно по нечиј диктат, ќе тоне уште повеќе..
Може да се случи некои фудбалски центри и натаму да останат без фудбал и подолго време. ФФМ не ги почитува сопствените правилници. Се предлага доигрување на Првата лига, но да нема испаѓање од лигата. Зошто има потреба од доигрување, кога и без доигрување можеше да се скрои табелата. Сега само екипите ќе се изложуваат на ризици од повреди на фудбалерите.. Веројатно „математиката“ не била според ќеиф на челниците на ФФМ па се одлучиле на вакви чекори. Зошто второлигашите трошеле пари, кога сега ФФМ не ги есапи за ништо. . Секоја екипа која се натпреварува има и некоја цел. . Секое првенство се организира како натпревар на екипите,и мора да има шампион и екипи кои ќе испаѓаат.и кои ќе влегуваат во Првата лига . Според Правилникот за натпревари, од Првата лига требаше да испаднат две екипи, а 8 пласираната да игра бараж со второпласираните второлигашки екипи. Но, тоа не се почитува . Тие што ги донесуваат правилниците сега не ги почитуваат. До кога вака?

Фотографија на Stipski asovi.
Фотографија на Stipski asovi.

781

Опфатени луѓе

116

Интеракција
Промовирај
Коментари
Коментирај како Stipski asovi
Види уште 1 коментар