КК Соколи не успеа да се пласира во Првата кошаркарска лига. Штипјани доста амбиционо стартуваа во Втората лига. Ја имаа и поддршката од локалната власт, Се до крајот се бореа за пласман во елитното друштво, но на крајот ги сопна
Струмица. Во четвртфиналето, во третата решавачка средба, со Струмица , КК Соколи загуби во Штип со 83-80. Разговаравме со претседателот на клубот, Томче Томев
„ На грешките во првенството треба да се учиме. Сфативме дека се уште во целост не сме подготвени за елитното друштво. Последниот месец имавме доста проблеми и со повредите на кошаркарите. За идната сезона мора да размислуваме за засилувања. Има некои штипски деца кои играат во други екипи, има кошаркари кои настапуваат со лиценци и во Прва и Втора лига. На овој план и ние треба повеќе да работиме. Кошарката е интересен спорт, во експанзија. е . Во Штип секогаш игравме пред полна сала, што значи има голем интерес за овој спорт во градот под Исарот. Треба уште сега да ги засукаме ракавите и подобро да се организираме за новата сезона. Ако размислуваме за влегуваме во Првата лига, мора да и во неа во континуитет да играме. Мора да земеме искуства и од други општини, кои издвојуваат доста средства за кошарката и постигнуваат добри резултати…“- вели Томче Томев, поранешен кошаркар.

Please follow and like us: