Денеска во Штип се одржа еден од турнирите во младинска женска конкуренција, во рамките на Државното првенство. Учествуваа екипите на Куманово, Весна од Пробиштип и УГД од Штип. Штипјанки беа најуспешни. Двете екипи од Куманово и Пробиштип ги победија со по 2-0 во сетови. УГД беше подобар од Весна и ја победи со 25-19 и 25-21, додека кумановчанки беа дотолчени- 25- 6 и 25-9. Весна славеше над кумановчанки со 2-0.. По две недели ќе се одржи уште еден турнир во Пробиштип. Најдобра во екипата на УГД беше Јасна Смилков, која со своите „убиствени“ сервиси на средбата со Куманово освои 25 поени. Треба да се истакнат и одличните игри на Мила Вакувска, Анастасија Петрушева, Марија Митева. Исто така , во штипската екипа со успех дебитираа Кристина Димчова, Изабела Стојанова, Елена Панова. Тренерот Благој Тасев одлично ја водеше екипата на УГД.
ШТИПСКИТЕ МЛАДИ ОДБОЈКАРКИ ГИ „ПРЕСЛУШАА“ ЕКИПИТЕ ОД ПРОБИШТИП И КУМАНОВО!
Please follow and like us: