Пингпонгарите на Шампиони Фа одлично се снаоѓаат во овие немирни времиња. Можеби само короната ги изненади, но не се може да се „игра“ и против„виша сила“. Лука Стојчев, кој има само 13 години, во годината што измина , остави најдобар впечаток. Во јуниорска конкуренција е втор на ранг листата
.И сениорите не се предаваат. Филип Младеновски лани успеа да го победи и најдобриот пингпонгар во Македонија, Станојковски. Добро игра и Алекснадар Кралев, но и тренерот и селектор на македонската репрезенетација Сашко Богатинов. Пингпонгарската Федерација има поддршка и од компанијата Јофатекс, од Штип, која го помага и КК Штип преку реализирањето на ваучерите од АМС. Се најавува успешен залет на пингпонгот од 1 февруари, кога почнуваат подготовките на екипите за новата сезона. Ќе има ли и резулати и на меѓународен план, времето ќе покаже…

Please follow and like us: